(ВИДЕО) Демири: ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм

Од:

ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм, подгревањето етнички тензии и поделби меѓу граѓаните. Таквите изјави и дејствија се целосно неприфатливи и несоодветни за нашето мултиетничко и демократско општество. ДУИ мора да разбере дека граѓаните на Република Северна Македонија, независно од нивната етничка припадност, сакаат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи, вели Агрон Демири, член на Извршен одбор на СДСМ.

– СДСМ е единствената политичка сила која вистински се залага за соживот и почитување на правата на сите етнички заедници. Кога ДУИ ја обвинува СДСМ за албанофобија заборава намерно дека во Извршниот одбор на СДСМ има членови Албанци, исто така имаме Албанци и во пратеничката група на СДСМ а значителен број Албанци гласаат за нашата партија. Затоа што препознаваат искреност и посветеност кон доброто на сите граѓаните но и кон добрите меѓуетнички односи.

Со своите неодговорни политики, ДУИ му овозможува на ВМРО-ДПМНЕ дополнително да ја дестабилизира ситуацијата и да профитира политички. Нивната соработка е повеќе од очигледна – заеднички гласаат во Собранието, ДУИ им обезбедува Бадентерово мнозинство, па се до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата, се јасен доказ за тоа. СДСМ со концептот “Едно општество за сите” постави цврста основа за градење на обединето и толерантно општество. Оваа визија е широко прифатена од граѓаните, кои ја препознаваат важноста на единството и еднаквоста за стабилноста и иднината на нашата земја. Овој концепт останува јасен пример за нашата посветеност за меѓуетничка хармонија. СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот и популизмот, без разлика од каде доаѓа.
Нашата партија ќе продолжи да се залага за соживот, единство и напредок на сите граѓани на Република Северна Македонија – тврди Демири.

Би можело да ве интересира

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија