Во Бања Лука беше исвиркана химната на БиХ, играчите на Борац го игнорираа знамето

Од:

Химната на Босна и Херцеговина беше исвиркана во Бања Лука пред реванш натпреварот од финалето на фудбалскиот куп меѓу Борац и Зрињски.

Борац се бори за својот втор, а Зрињски за третиот пехар во Купот на Босна и Херцеговина, а пред средбата, според протоколот, беше интонирана и химната на Босна И Херцеговина.

Она што се случи беше она што мнозинството од босанската јавност претпоставуваше дека ќе се случи по гласањето за резолуцијата за Сребреница – публиката на Градскиот стадион во Бања Лука со свирежи ја поздрави химната на Босна и Херцеговина.

Ниту фудбалерите на Борац, ниту неколкумина од фудбалерите на Зрињски не покажаа почит кон државата, односно не се свртија кон државното знаме.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија е коспонзор на резолуцијата на САД за Украина, ЕУ поднесува своја

Катерина Ѓуровски

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации