Одлуката за гласањето на Македонија во Њујорк беше неочекувана, вели францускиот амбасадор

Од:

Постои навистина неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста која што денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста што бара единствен европски одговор, изјави амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер.

Тој во изјава на новинарско прашање за тоа дали можеби позицонирањето на земјава за резолуциите на ОН може да се одрази на нашиот евроинтегративен пат, кажа дека одлуката на земјава во однос на гласањето за резолуциите за Украина во Обединетите нации била неочекувана.

-Навистина вие посочувате кон важна тема, за одлуката за гласање на Северна Македонија во Њујорк која што за нас беше неочекувана. Мислам дека треба да се концентрираме на темата која што е важна затоа што се случија гласањата во Њујорк, за проектот за резолуција. Постои навистина неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста која што денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста, империјализмот на еден сосед во однос на друг сосед, до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет, и јазик. Тоа е тема која што бара единствен европски одговор. Целта на европската дипломатија денес, целта на секој од нас е токму да се одржи таа унитарност и да се има исти заеднички пристап кој ќе обезбеди безбедност на континентот во наредните години, наредените децени за нас и нашите деца, рече абасадорот Ле Риголер на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод презентација на програмата за годинашното одбележување на Франкофонијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масовен руски напад врз Киев, погодени студентски дом, продавници, метро, ​​болница

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

Русија подготвена да им испорача на САД неограничени количества дизел, три танкери веќе пловат кон Северна Америка

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украинците го нападнаа Белгород, има жртви и големи штети

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната