Парнарџиева-Змејкова се сретна со европарламентарци и со Шнатц од АСБ

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова се сретна со европарламентарците Тања Фајон и Кнут Флекенштајн, како и со Михаел Шнатц од АСБ, Сојузно здружение од Германија, оддел за меѓународна помош. На средбата присуствуваше и Александар Митов, советник за здравство на претседателот на Владата.

Целта на средбата, соопшти ФЗОМ, беше презентирање на активностите што ги презема германското сојузно здружение АСБ, кое има 200 подрачни канцеларии на територијата на цела Германија, како и канцеларии ширум светот. Минатата година биле искористени 160 милиони евра за проекти кои се одвивале на Балканот, како на пример, за зајакнување на мрежа на социјални провајдери на Балканот. Македонија, како што се наведува, е следна земја со која се планира да се почне соработка.

Директорката на ФЗОМ предложи да се земат предвид неколку теми пред следниот состанок, како што се: доставување список на здруженија на граѓани – пациенти, со кои ФЗОМ има одлична соработка, како потенцијални локални партнери за соработка за Балканската мрежа, (ФЗОМ понуди помош и простор при организирање состанок со овие здруженија на граѓани), подигнување на свеста за важноста од превентивна здравствена грижа, влијанието од загадувањето врз здравјето и одговорноста на поединецот да ја чува животната средина.

На средбата стана збор и за превентивни мерки особено кај социјално загрозените граѓани, како начин да се подобри благосостојбата на оваа категорија граѓани. Од ФЗОМ укажаа на потребата да се размисли и за соработка во делот со репродуктивното здравје на граѓаните. Иницијативата за соработка беше прифатена од двете страни и беше договорено на следниот состанок да се утврди поконкретно кои ќе бидат модалитетите на заедничката соработка, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство