Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Од:

Регионалниот центар за управување со кризи – Штип денеска информира дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно средство, за кое се претпоставува оти потекнува од Првата светска војна. Веднаш било преземено од страна на пиротехничар од ДЗС – Берово за негово уништување, појаснуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно, зашто е контактирано со Полицијата и сепак од безбедносен аспект, е несоодветна. Граѓаните заради своја безбедност и на околината околу нив, треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК. Ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно за нив и за сите во нивната околина, апелираат од ЦУК.

Изминатите 24 часа немало пожари на отворено. Во 13.10 часот, преку 112 во ЦУК била добиена пријава за насобрани ѓубре и гранки под мостот на реката Вардар кај селата Јурумлери и Долно Лисиче. Веднаш било известено Јавното претпријатие „Водостопантсво“- Скопје за понатамошна постапка.

– Преку 112 во ЦУК се добиени повеќе пријави за паднати електрични и други кабли на различни локации на градот Скопје. За сите поединечни случаи, со точна локација за истите, се известени „ЕВН Македонија“ и операторите коишто кабелски поврзуваат, за понатамошна постапка, по што нивни екипи биле испратени на терен да интервенираат, појаснуваат од ЦУК.

Вкупно 1.561 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК се евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, „реални“ – 59,77 отсто, а 40,23 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 72,18 отсто, кон Итната медицинска помош – 23,31 проценти, а кон пожарникарите – 0,75 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР