Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Влен” ги формираа работните групи за продолжување на разговорите за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка, потврдија за МИА извори од двете партии.

Како што посочуват од „Влен“ за МИА, работните групи од двете партии утре ќе ја одржат првата средба. За имињата на претставниците во работните групи, од двете партии велат дека ќе ги соопштат преку соопштение.

Соработката, како што информираше ВМРО-ДПМНЕ по средбата што се одржа во саботата во штабот на „Влен’“ ќе се базира на три постулати – евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

– Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, соопштија тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата во саботата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата „Влен“ – Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од коалицијата „Влен“ по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоено најмногу пратенички мандати, 58, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, 18, Коалицијата ВЛЕН, 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела