Против фармацевтската компанија AstraZeneca во Велика Британија е поднесена колективна тужба поради тврдењата дека нејзините вакцини „Ковид-19“ предизвикале сериозна болест или смрт.
Во тужбата, поднесена според Законот за заштита на потрошувачите на Обединетото Кралство, се вели дека вакцината е „неисправна“ бидејќи е помалку безбедна отколку што луѓето имале право да очекуваат, јавува Би-Би-Си.
AstraZeneca ги негира овие тврдења, но во судскиот документ поднесен до Високиот суд на Англија во февруари призна дека нејзината вакцина против коронавирусот „може, во многу ретки случаи, да предизвика ТТС“, односно тромбоза со синдром на тромбоцитопенија.