Руски наредник уби командант и пет војници

Од:

Припадникот на вооружените сили на Русија, Јуриј Галушко (57) убил шест соборци, по што побегнал. Помладиот наредник Галушко, според руските медиуми, пукал во командантот и пет војници од непосредна близина додека спиеле во саботата. По масовното убиство тој со пушка АК-12 „Калашников“ побегнал во непознат правец, а истражните органи веруваат дека ќе се обиде да им се предаде на украинските сили.

– На 4 мај 2024 година, помладиот наредник Јуриј Галушко уби шест војници од артилериската дивизија на 10-от тенковски полк, а потоа исчезна со неговото лично оружје АК-12. Насоката на движење е непозната – стои во налогот.

Медиумите пренесуваат дека тој стапил во војска во февруари.

Галушко припаѓал на 10-тиот тенковски полк, кој во времето на масакрот бил позициониран во областа Доњецк во југоисточна Украина. Полкот на кој му припаѓал Галушко, наводно, учествувал во бруталната битка за Авдијивка, која руските трупи ја добиле во февруари.

Телеграм каналот VČK-OGPU наведува дека Галушко неодамна се приклучил на војската за да собере пари за операција бидејќи почнал да го губи видот.

Истражните органи ја сослушале неговата поранешна сопруга Наталија Галушко, која рече дека Јури е роден во Харков во семејство на воен ветеран и дека се преселил кај неа во регионот на Белгород кога се венчале во 2013 година. Двојката има две деца.

Галушко работел како обезбедување во фабрика за метални конструкции. Наталија го опишала својот поранешен сопруг како мирна и неагресивна личност која сакала да чита класична литература и научна фантастика.

Последен пат го видела својот поранешен сопруг во ноември 2023 година, кога тој дошол на роденденот на нејзиниот син. Јуриј тогаш се пожали на видот и рекол дека може да му помогне само операција, која финансиски не можел да си ја дозволи.

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија