Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Од:

На претставничката на Израел на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, Еден Голан, и беше кажано да не ја напушта хотелската соба, освен за настапите и официјалните настани на Евровизија.

Причината се пропалестинските протести во Малме, градот во кој се одржува овој натпревар.

Полицијата и кажала да се држи подалеку од очите на јавноста освен за време на настапот, пренесе Јуронуз.

Таа пристигна во Малме овој викенд, среде силно обезбедување, носејќи значка во знак на солидарност со заложниците кои сè уште ги држи Хамас.

Шведската полиција е во состојба на готовност и побарала засилување од Данска и Норвешка за најголемиот европски поп-музички натпревар. Повиците за бојкот на настанот пристигнуваат подолго време, а повеќе од 1.000 шведски уметници бараат да се забрани учеството на Голан, а исто уште и 1.400 фински уметнички работници.

Во петокот во Малме беше запален Куран, додека, како што пишува „Тајмс оф Израел“, еден од сторителите на палењето на муслиманската света книга бил завиткан во израелско знаме, додека палестинското знаме било газено. Натпреварот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржи од 7 до 11 мај во Малме.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците