Писмо од Палчо до Кренар Лога: „На денот на моето апсење барав да бидам екстрадиран, одолговлекувавте поради изборите“

Од:

Партијата Десна објави писмо за кое тврди дека наводно го напишал претседателот Љупчо Палевски Палчо до министерот за правда Кренар Лога.

Во ракописот за кој се тврди дека е на Палчо, Палевски тврди дека сакал да биде екстрадиран од Турција уште во декември, но дека министерот не сторил ништо за да го овозможи тоа, а дека „пресметките на коалициските партнери за изборите“ ја одложиле екстрадицијата.

„Уште од првиот ден на моето апсење во Турција, 5 декември 2023, од суот во Баликесир барав веднаш да бидам екстрадиран во Македонија и од 17 јануари 2024 година турските власти чекаа на македонските правосудни органи за да почне процедурата за мојата екстрадиција“, се вели во писмото.

Според Министерството за правда, пак, Македонија на 7 декември 2023 година до Турција испратила барање за екстрадиција на Палевски.

„Партиското барање и задача од Вашиот коалициски партнер да ме држите далеку од Македонија за време на изборите, најблаго кажано е Европско „прогресивно “лицемерие, но и кршење на Закон и мои елементарни човекови права!“, му се обраќа Палчо на Лога во писмото.

Наводното писмо се појави откако министерот Лога на својот фејсбук-профил објави дека Македонија добила известување од Турција дека дале позитивен одговор на барањето на македонските власти за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо.

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Би можело да ве интересира

Видевски тврди дека нема поврзаност со убиствата на Вања и Панче

Манев: Видевски за време на убиствата на Жежовски и Ѓорчевска бил на работа

Решиле да киднапираат луѓе за да финасираат партија, не знаел дека Палевски носи пиштол, сведочи Велибор Манев

Катерина Ѓуровски

Треба да заврши сослушувањето на Манев, судењето за убиството на Вања и Панче прдолжува со сведочење на Боре Видевски

Манев: Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски

А1он

Манев за убиството на Вања: Палевски му пријде на детето, со пиштол и со перниче во рака испука куршум