Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Од:

По преземени мерки и активности, на 29.04.2024 во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство“ кај селото Табановце, по што заминал.

Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово.

По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар.

Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А.. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка

Нема да доѓаат мигранти од Велика Британија во земјава уверува Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти