(ВИДЕО) Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот

Од:

Носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов, и денес има средби со граѓаните на Велес.

„Втор ден сум во Велес. Вчера се движевме по Чаршијата, разговаравме со велешани. Денес сме на Пазарот во Велес. Она што можеме да го слушнеме од велешани е дека тие ја препознаваат Левица како единствена опција којашто потекнува од народот. Во Програмата на Левица има најмногу за обичниот работник, затоа што оттаму ние и потекнуваме“, рече Крмов.

Борбата продолжува, а Крмов апелираше дека за истата да продолжи, треба граѓаните да ја поддржат Левица како единствена неподмитлива опција во интерес на националните интереси:

„Потребно е сега да се гласа за Левица, за да продолжи борбата во Собрание. Ние заедно со претседателот Апасиев во последниве 4 години од нашиот мандат покажавме дека некои работи може да се сменат, дека пратениците може да НЕ зимаат патни трошоци, дека може да се борат за вистинските интереси на македонскиот народ и сега мораме да бидеме двоцифрен број, за да ја продолжиме борбата!”, додаде Крмов.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Откако вмровец влезе во криминалот со „Бехтел и Енка“ Тошковски го ослободи Груби од притвор

ВИДЕО: Жестока дебата за интерпелацијата за Тошковски

Катерина Ѓуровски

Левица станува најкорисниот сојузник на СДСМ и ДУИ, Тошковски за интерпелацијата

Мојсоска: Законот за судска служба ја става судската власт под контрола на извршната

А1он

(ВИДЕО) Крмов: Млекарниците ги уценуваат сточарите – Владата да гарантира откуп на млекото

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад