Опозицијата ја прозива ВМРО-ДПМНЕ во Охрид: Не ги преспивајте седниците!

Од:

На денешната седница во Советот на општина Охрид мнозинството како и да не беше присутно, освен неколкуте највави за тоа како ќе гласаат искажани од страна на кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сектретарот се обиде да ја одбрани честа и да одговори на нападите од опозицијата, но за опозицијата ова бил неуспешен обид.

Станкоски од ВМРО-Народна го доразоткри, како што рече, лицемерието на ВМРО- ДПМНЕ, повикувајќи ги да не го гласаат урбанистичкиот план. Посочи дека заладањата во минатиот советнички состав всушност биле само манипулација со граѓаните .

Анализа на финансиските извештаи направи советникот Дејан Блажески од ЛДП, кој со бројки покажа дека ЈП Билјанини извори не работи ништо подобро од претходното тримесечје.

Посочи дека извештајот е некомплетен, нестручен и во најмала рака, рече, поразителен. Ги запраша како имаат лице да зборуваат за принципи кога претходните извештаи не ги прифатиле а сега не само што конкретно, извештајот од ЈП Ниско градба за истиот период лани е подобар за 95 проценти, туку има и ставки кои истите пред само три месеци ги судеа а сега ги одобруваат.

„Уште повеќе револтира вашиот однос колеги затоа што ниту еднаш не се имате јавено за збор, и не знам дали не чувствувате обврска кон граѓаните кои ве гласаа“, праша Блажески.

Повика да се погледнат сериозно записниците од седниците на Советот на Општина Охрид, каде е евидентно дека советниците од ДПМНЕ воопшто ги нема на говорницата, па макар за да ја одбранат матичната партија .

За изештаите од образование советниците Лазареска и Пирузева-Јанева од СДСМ ги потсетија своите колеги дека не смее во образованието да се внесува политика и ги запрашаа како можат со мирна совест да гласаат како воздржани, со што, рекоа, покажуваат не само непринципиелност туку и голема хипокризија.

На сите прозивки од советниците од опозицијата, мнозинството остана немо или на моменти ја дефокусираше расправата, но сепак, велат од опозицијата, општиот впечаток е дека ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ретерираше.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“