Ерменскиот суд денеска го прогласи за виновен Вардан Седракијан, поранешен претседтаелски кандидат во Ерменија за обид за убиство бидејќи наредил да биде убиен другиот кандидат за време на претседателските избори во почетокот на оваа година.
Судот му одреди казна од 14 години затвор.
И покрај пукотниците, изборите се одржаа како што беше планирано во февруари, а сегашниот претседател Серж Саркисјан победи со 59 отсто галсови.
Седракијан изјави дека не е виновен, а неговиот адвокат најави жалба на пресудата и казната. Судот осуди и две други лица за подготовка и извршување на нападот на 12 и 13 години затвор.