Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Од:

Добитници на овие избори сме ние, коалицијата Влен. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. Влен ги доби гласовите на Албанците, вели претседателот на БЕСА и дел од коалицијата Влен, Билал Касами на прес конференција.

„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.

Кандидатот на Влен за претседател, Арбен Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

ВЛЕН: Еден глас за победата на 2 ноември

Горан Наумовски

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание