(ВИДЕО) Одѕивот на изборите до 17 часот е 44,18 отсто

Од:

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 отсто, според податоците на Дражавната изборна комисија (ДИК) од 1788 избирачки места.

Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи, односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Најголема излезеност од 67,19 отсто има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

-Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу девет отсто.

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на гласт, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

Би можело да ве интересира

Катерина Димитровска пратеничка во Собранието на местото на Марија Митева

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски