ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа

Од:

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2 147 гласачи, се затворени, а одѕивот изнесува 64 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

-Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1 380 гласачи или 64 проценти од запишаните, наведува ДИК.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и двајца гласачи кои се водат како внатрешно раселени и тие го оствариле своето право. Гласачкото место и во центарот за раселени лица е затворено.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени. Од вкупно 250 гласачи од седум центри, гласале 208 гласачи или 83 отсто.

Избирачките одбори во Република Северна Македонија во текот на денешниот ден го спроведуваа и гласањето на лица кои се болни или немоќни, а кои до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право го остваруваа 6 935 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни. Досега, според информациите од општинските изборни комисии, гласале 6 543 односно 94 проценти болни или немоќни лица.

Од ДИК, наведуваат дека на 31 гласачко место во дипломатско конзуларни претставништва во странство, можност да гласаат имаа 2 569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија. Се уште се отворени шест гласачки места каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.

-До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 891 гласачи, односно 35 проценти. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шест избирачки места каде што сеуште трае гласањето, посочуваат од ДИК.

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

Досега ДИК издаде акредитации за набљудување на 915 домашни, 628 странски и меѓународни набљудувачи и 38 странски новинари. За правовремени и точни информации поврзани со изборите, на сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб.

Би можело да ве интересира

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино