Израелски проектили погодија локација во Иран, објави ABC News, цитирајќи американски официјален претставник, додека иранската новинска агенција Фарс, известувајќи за експлозијата, соопшти дека е активиран систем за противвоздушна одбрана во градот Исфахан.
Фарс објави дека во близина на аеродромот во иранскиот град Исфахан се слушнала експлозија, но причината за нападот веднаш била позната.
Иранските државни медиуми и официјални лица негираат дека се случил ракетниот напад. Тие тврдат дека противвоздушната одбрана соборила неколку беспилотни летала и дека на теренот нема штета, вклучително и нуклеарните постројки кои се наоѓаат во регионот Исфахан.