Салковски и Иванов тврдат дека Лабина Митевска го убива нивниот филм

Од:

Томи Салковски, продуцент и режисерот Игор Иванов на филмот „Соба со пијано“, експресно со отворено одговорија на реакцијата на директорката на фестивалот „Браќа Манаки“, Лабина Митевска.

„Ти благодариме за овој твој исказ со кој потврдуваш дека и ти, рамо до рамо со Тозија стоиш зад дисквалификацијата на филмовите кандидати за ‘Оскар’. Ти, мошне колегијално, си даваш за право да го убиеш детето во зародиш, да не му дадеш здив… Ние до крај ќе го браниме филмот како наше дете, тоа е наша должност и обврска. ‘Соба со пијано’ се роди на 14 септември во Битола. За само неколку дена, се обидовте да го обезличите, стигматизирате, обезвредните. Наместо да бидеш промотор на македонскиот филм, ти се стави во друштво на џелатите. Искрено жалиме за тоа.

Впрочем, и минатата годинa ‘Трето полувреме’, а и пред три години ‘Мајки’, се филмови кои го отворија ‘Манаки’, а беа и кандидати за ‘Оскар’, без да имаат време, а со тоа и шанса за интернационална промоција. Тоа никому не му пречеше. Напротив, тоа им помогна на филмовите во нивната меѓународна промоција и промоцијата на нашата земја. Токму поради премиерата на ‘Манаки’, филмот ‘Соба со пијано’, според регулативите на Академијата, може да биде македонски кандидат за ‘Оскар’ само сега и никогаш повеќе.

Да се учествува на Олимпијада, Евровизија, Оскар, тоа е придобивка на современиот свет, израз на космополитизам. Да се забрани учество на ваков меѓународен настан е израз на локално, брутално, себично делување. Зад овие два филма стојат две третини од членовите на Друштвото на филмски професионалци на Македонија, луѓето кои ве избраа и овластија. Наместо да им дадете ветар во едрата, вие пакосно се обидовте да ги потонете. Во случајот со ‘Соба со пијано’, тоа нема да ви успее, а за тоа нема да има потреба да чекаме цела една година. Зад нас како уметници, досега стојат Берлин, Локарно, Карлови Вари, Ротердам, Валенсија, Сао Паоло, злата, сребра, специјални награди за режија, за најдобар филм, за посебни артистички достигнувања… Ние немаме потреба да го докажуваме нашиот кредибилитет. И овој филм ќе го докаже тоа.

„Соба со пијано“ за само една недела ги надмина сите очекувања за гледаност, а во рецензиите е оценет највисоко. Сличен став имаа и малкутемина странци присутни на фестивалот во Битола.

Ние искрено не можеме да ги разбереме вашиот проблем и деструкција.“

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ