Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

Од:

Тоа е едно исто тело, бидејќи СДСМ во изминативе две недели од претседателската кампања не кажа ниту еден лош збор ниту пак ниту една критика за работењето на Демократската унија за интеграција што не е случај обратно, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Охрид одговори на новинарско прашање околу реакцијата на СДСМ за наводната жестока реторика и нивно поистоветување со ДУИ.

Мицкоски исто така додаде дека фактот што ДУИ во кампањата ја критикува работата на СДСМ, а СДСМ нема кажано збор против ДУИ покажува дека СДСМ се само измеќари на ДУИ.

“ДУИ ја критикува работата на СДСМ. Така што, како можам да судам и што можам друго да кажам освен тоа дека тие практично се ништо повеќе од едни обични измеќари на ДУИ?“ потенцираше Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он