Пожар избувна во зградата на старата берза во Копенхаген, една од најпознатите згради на данската престолнина, ја зафати нејзината кула, која се урна. Нема извештаи за повредени.
Снимките во живо од локалните медиуми покажаа дека луѓето носат големи слики надвор од зградата за да ги спасат од пламенот.
BREAKING:
Denmark is having its “Notre Dame moment”
The historical Børsen Stock Exchange building in Copenhagen is on fire.
It was built in 1625 and is one of the city’s most beautiful buildings with its elegant spire
Yesterday was the 5th anniversary of the Notre Dame fire pic.twitter.com/8j6bPsHvaD
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 16, 2024
Историската зграда, чија кула имаше облик на испреплетени опашки на четири змејови, беше во реновирање кога избувна пожарот.
Во зградата, изградена во холандски ренесансен стил, повеќе не е сместена Данската берза, туку служи како седиште на данската стопанска комора, пишува Гардијан.
Не пречека страшна глетка. Берзата гори“, стои на профилот на ДГК на социјалната мрежа Икс.