САД се противи и нема во учествува во израелски контранапад на Иран

Од:

Повеќе странски медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Вол Стрит Журнал и Аксиос, известуваат дека САД ќе се спротивстават на израелскиот контранапад.

Аксиос пишува дека Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Нетанјаху дека ќе се спротивстави на израелски контранапад врз Иран.

Си-Ен-Ен и Волстрит журнал го објавија истото, повикувајќи се на високи американски претставници.

„Џо Бајден му кажа на Бенјамин Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во ниту еден израелски контранапад против Иран“, пишуваат тие.

Тие додаваат дека, според овие извори, Бајден му рекол на израелскиот премиер дека одговорот е непотребен.

„САД ќе продолжат да му помагаат на Израел да се одбрани, но не сакаат војна со Иран“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби за ABC News. „Не бараме ескалација на тензиите во регионот. Не бараме поширок конфликт“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса