Не се излезени записниците за пожарот во Универзална: Надзорот најави можна промена на металната конструкција

Од:

Надзорот на изградбата на Универзална сала која во вторникот пламна во пожар рече дека е можно да има потреба од промена и на новата метална конструкција после вештачењето од страна на институциите.

– Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција,тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали коегзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното нарушеното ќе се демонтираат делови или ќе се прави нова конструкција, рече еден од надзорниците.

Тој откри дека МВР се уште прави увид, записниците не се излезени.

Инвеститорот рече дека 70 отсто од старите елементи биле демонтирани и дислоцирани како отпад и се што имало музејска вредностр било извадено уште во 2021 година.

– Во Универзална сала изгореа елементи кои требаше да се бидат дислоцирани од тој објект. Се што имаше некаква вредност за во музеј, во 2021 беше извадено. Се запалија стари материјали, иверица, стар челик, алуминиум и сега ние е потешко бидејќи е паднат доле. Имавме елаборат како да извадиме тој челик, сега треба да направиме нов елаборат за тоа како да го дислоцираме тој челик. Универзална сала не изгоре,туку моментот кој што требаше да биде дислоцирани од објектот – истакна Лазар Арсовски од компанијата изведувач на работите.

Секоја штета во договорот каков што е и за трети лица, а ќе ја сносат двете компаниишто градат. Секоја штета на челичната конструкција ќе биде заменета со нова, додаде Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат