(ВИДЕО) „Ја грабнав мечката за уши и успеав да ја оттурнам“: Цане Србиновски пуштен на домашно лекување

Од:

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој беше нападнат од мечка на планината Мукос, на месноста „Сеча“, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка во неделата.

Србиновски по два дена беше пронајден од неговите блиски од семејството и од местото каде што ги чувал кравите и кае што престојувал во инпроцизиран објект именуван „Колиба“, беше пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, беше пуштен на домашно лекување.

– Додека подвикнував по телињата, ми испадна пред мене мечката. Ме грабна за нога и паднав на грб. Чизми носев, преку чизма ме фати погоре и немав што да направам, не знам како се извлеков од нејзе. Со десната нога ја удрив по лице, но пак ме фати за нога. Ми даде Господ сила, не знам како, ја грабнав мечката за уши. Ја држев исплашен и потоа успеав да ја оттурнам. Станав, веднаш заминав и кога стигнав до колибата ногата ми се вкочани. Кучињата лаеја, а таа стоеше – истакна Србиновс,ки.

Тој има повредени глуждови, мали гребаници по нозете.

– Народот вика си имал век, ти посакувам брзо оздравувањње. Последните неколку години е зголемен бројот, наша цел е да не ги убиваме мечките. Ние ги сакаме мечките, но повеќе се грижиме за луѓето – рече при посетата, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Би можело да ве интересира

Автомобил, трактор, дрвна конструкција и 500 бали сено изгореа во пожар во Долнени

A1on

Сточар нападнат од мечка на планината Мукос во атарот на село Оморани

Предраг Петровиќ

Заменик министерот Павлески во посета на општина Долнени

Ана Ололовска

Ахмети во општина Долнени даде цврста поддршка за кандидатот на ДУИ

Наум Локоски

(ВИДЕО) Заев: Концептот на заедништво е единствената иднина на Македонија

Наум Локоски

Заев од Долнени: Колку повеќе ги враќаме парите назад, толку повеќе граѓаните ќе си ги плаќаат давачките

Наум Локоски