Силно невреме денеска погоди делови од југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави, како последица на што едно лице загина во Мисисипи.
Во Њу Орлеанс беа поплавени улици, а некои згради се урнаа, додека предупредувањата за поплави и торнадо беа активирани во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, пренесува АП.
Агенцијата соопшти дека повеќе од 100.000 луѓе се без струја, вклучително и 30.000 само во Џорџија, каде што беше одложен Мастерс турнирот во голф.