Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Од:

Нема ниту една официјална информација дали водачот на криминалната група Дуќанџиќ од Грчец, Шеваљ Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода поради немање на доволно докази за негово задржување. Од министерството за правда за А1он велат дека Обединетите Арапски Емирати се уште не дале информации, дали апсењето навистина се случило.

„Министерството за правда нема информации дали лицето Шеваљ Муареми бил на разговор во полициска станица во Дубаи и дали бил пуштен на слобода“, велат од Министерството за правда.

Инаку, барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани беа потпишани од министерот за правда, Кренар Лога на средина на минатиот месец и комплетната документација беше испратена во Дубаи.

Фотографијата на шефот на криминалната група Дуќанџик се најде во делот „Потраги“ на веб страницата на МВР, со назнака меѓународна потерница на 3 март, како осомничен дека ја предводел групата која пренесувала дрога, но и убивала.

Во акцијата на МВР и ЕВРОПОЛ кон крајот на јануари годинава, беа уапсени шест лица во Македонија и едно лице во Шпанија, за кои имало докази дека се вмешани во групата од Грчец. Тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека овој клан учествувал во двојното убиство во Топанско поле пред три години, обидот за убиство на лице од село Бардовци, но и убиство на албански државјанин на Матка. Според доказите на МВР, оваа група шверцувала над 400 килограми кокаин од Перу, Колумбија, Бразил и Боливија, а парите од дрогата биле трошени на луксуз.

Би можело да ве интересира

Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Агино село

ВИДЕО: Уапсен најдобриот голфер на светот

Предраг Петровиќ

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Кочанчанец удрил девојка со пиштол и дивеел во кафеана – уапсен е

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ