Полицијата во Бар го уапси С.З. (39) од овој град поради сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид. Тој е осомничен дека со нож го повредил својот две години постариот брат.
– Во станот во кој живеат браќата најпрвин дошло до вербален, а потоа и физички конфликт. Осомничениот С.З. се здобил со повреда во пределот на задниот дел од главата, по што со нож го нападнал својот брат и го прободел во пределот на левата страна на ребрата – потврдија од полицијата за агенцијата РИНА.
На лице место полициските службеници го пронашле ножот со кој се извршило кривичното дело, како и џоинт.
Осомничениот С.З. со кривична пријава ќе биде изведен кај обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошна надлежност во законскиот рок.