Обвинителството изрази одредено задоволство епилогот за случајот со грабнувањето на Самоил Костадиновски и подоцна ќе се произнесе дали ќе има жалба за висината на затворската казна за обвинетитe.
Виктор Милановски доби казна затвор пет години и десет месеци а Саша Челикиќ доби казна од две години и два месеци откако беа прогласени за виновни за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
– Во овој момент има одредено задоволство од пресудата затоа што после 1855 минути или повеќе од 30 часа на одржаните 11 рочишта на кои обвинителството ги презентираше доказите со кои надвор од разумно сомневање докажа дека обвинитетите го сториле кривичното дело.
Обвинителството подоцна ќе се произнесе дали ќе има жалба на пресудата.
Во однос на лицето кое е во бегство се води постапка во Обвинителството но таа е прекината затоа што обвинетиот е недостапен за органите на прогонот. Донесов одлука за распишување на меѓународна потерница – истакна обвинителот Дејан Петревски.
Прашан до каде е постапката за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, обвинителот не сакашре да сподели информавици во интерес на истрагата.