(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Скандал, кој потврдува дека лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за реализација на цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, по насока на Извршниот комитет на партијата. Цела една шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести, вели портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

– За лажните анкети и лажните вести, освен одговорните од Центарот за комуникации во ДПМНЕ, задолжен е и Владимир Божиновски. Меѓу задолжените е и Зоран Ставревски но и директорот на МТВ, Марјан Цветковски. Оперативниот план го содржи она што и реално се случуваше и се уште се случува. Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта. ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести и креираат вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали. За градоначалниците од ДПМНЕ предвидена е „обврска“ кон Владимир Божиновски, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски