Не можеме да поддржуваме политички фарси. Какви интеграции да подржуваме кога владата постојано 6 години сите потези што ги прави, ги прави против таа интеграција. Почнувајќи од именувањето на аеродромот, на улиците, поставување на споменици, како можеме ние да бидеме алиби на таквата политика, изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи во интервју за Радио Слободна Европа објавено денеска.
Тачи вели дека актуелната политичка коалиција функционира антиинтеграциски и антиалбански и дека лидерот на ДУИ Али Ахмети тоа вешто го крие од Албанците.
– Мислам дека сè јасно, оти оваа влада функционира од два аспекта. Антиинтеграциска политика, што веќе е јасно и мислам дека уште појасно ќе ни биде кога ќе ни дојде извештајот од ЕК и антиалбанска политика. Не го зборувам јас тоа, тоа го зборува потпретседателката на Парламентот која вели – Не ми даваат да зборувам албански! Шокантно, затоа што таа и нејзината партија имаат тотално дволично однесување, 6-7 години го слушаме Ахмети како зборува оти успеал да го направи албанскиот јазик официјален, а негов функционер го демантира, оценува Тачи
Според Тачи во Македонија се води паралелејн живот на заедниците и тоа е ретрограден процес кој може да доведе до судир.
-Ако продолжуваме вака како народи паралелно да се натпреваруваме, андерграунд, бидете сигурни дека таа паралела некогаш ќе излезе на виделина и постои можност тие паралели да се судрат. Паралелниот живот никогаш не е добар живот и за Македонија мислам дека оваа паралелно натпреварување меѓу овие два народи треба да се прекине со можен нов политички договор, вели Тачи.