Грузиските фудбалери се пласираа на Европското првенство кое летово се одржува во Германија, откако во Тбилиси по изведувањето пенали ја совладаа селекцијата на Грција со 4:2 (0:0).
Ова е првпат во историјата грузиските фудбалери да успеат да се пласираат на ЕП.
Репрезентацијата на Грузија на Европското првенство ќе биде во групата Ф со Португалија, Турција и Чешка.