Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Од:

Британија прват по воздушен пат испорача храна во Газа, а Министерството за одбрана го повика Израел да дозволи поголема помош да влезе во регионот погоден од војна. Кралските воздухопловни сили исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, вклучувајќи вода, ориз, масло, брашно, лименки и храна за бебиња на цивилите во Газа.

Авион РАФ А400М полета од Аман за да испорача залихи долж северниот дел на Појасот Газа како дел од меѓународната хуманитарна мисија предводена од Јордан, соопшти британското Министерство за одбрана.

„Пеколот покренат од нападот на Хамас на 7 октомври доведе до огромна загуба на невини животи. Целта на Обединетото Кралство е да ги искористи сите можни патишта за да испорача спасувачка помош, без разлика дали по копнен, воздушен или по морски пат. го повикуваме Израел да обезбеди пристап до пристаништето и да отвори повеќе копнени премини за да ја зголеми испораката на помош во Газа“, соопшти Министерството за одбрана.

Даунинг стрит објави дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, прва која повикува на прекин на борбите, испрати јасна порака дека Хамас мора да ги ослободи преостанатите заложници и дека треба да се дозволи помошта да стигне до Газа.

Велика Британија испорача хуманитарна помош со падобрани првпат во понеделникот, но претходно ги поддржа таквите меѓународни напори и обезбеди околу 600 падобрани на барање на Јордан и Бахреин.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија