Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

Од:

Кучето залутало во станбен објект во изградба, а инвеститорот заедно со пожарникари го опколиле и присилиле да скокне од балконот, тврдат во својата реакција Здружението „Анима Мунди“.

„Безумие и суровост која не знае за граница – во Тетово, бездомно куче фрлено од седми кат од зграда! Среде бел ден, на очи на граѓани, комшии и минувачи кои масовно ни пријавуваат и се во шок; во зграда во изградба во која залутало несреќно бездомно куче, по изјави на сведоците во коментари на видеото – инвеститорот со помош на пожарникари , со стап и покрај сетто плачење на бездомното животно, го присилиле да рипне од 7 кат, зошто немало како и каде да избега. Видете го кучето, слушнете го плачењето негово на ова видео – умира во страотни маки по 20 минути агонија на крвавиот асфалт. Локацијата е карши пицерија Јани во Тетово. Граѓани кои вртеле и пријавувале во полиција, на бројот 112, се потсмевани и им е спуштена слушалка“, реагираат Анима Мунди.

Тие апелираат да се пронајдат службениците кои го примиле повикот на 112 како и полицајците кои го игнорирале случајот.

„До кога ќе се преправаме дека ништо не се случува, до кога ќе се казнуваат граѓани и за фрлен опушок, а насилници и деликвенти се оставаат на мира да сакатат, мачат, убиваат што ќе им дојде на памет? Полиција за животни под итно и затворски казни за мачење и убивање на животните. За оние на кои животните не им важни потребно е да знаат дека насилството врз животните е само вовед , преодна фаза и секако кулминира во насилство врз секоја друга индивидуа, вклучително и човек!“

Би можело да ве интересира

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени