Левица изрази сочувство до жртвите на терористичкиот напад во Москва и нивните семејства

Од:

Светската и македонската јавност се згрозени од терористичкиот напад, кој се случи минатата ноќ во Москва. На крајно умоболен, суров и грозоморен начин беа убивани невини луѓе од автоматско оружје во концертната сала „Крокус“.

Според информациите, кои се достапни засега, убиени се стотина невини лица, најголем дел од нив млади луѓе, а помеѓу убиените има и деца. Бројот на ранети лица, кои се сместени во болниците, е многу поголем.

Левица изразува длабоко сочувство до жртвите на терористичкиот напад и до нивните семејства. Ваквите грозоморни дејствија заслужуваат најстрога осуда и санкција, како за извршителите, така и за нарачателите на убиствата!

Очекуваме и државниот врв да изрази сочувство и поддршка за семејствата на жртвите и да ја искаже горчината што ја чувствуваат македонските граѓани од грозоморниот чин за кој нема сомнение дека го извршиле добро обучени професионалци, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он