Сабаленка ја победи најдобрата пријателка во тенисот, сите ја коментираат прегратката

Од:

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка играше на ВТА турнирот во Мајами три дена откако нејзиното момче Константин Колцов изврши самоубиство.

Сабаленка ги одмери силите со Паула Бадоса од Шпанија и рутински победи со 6:4 и 6:3 во сетови за конечни 2:0.

Инаку, Бадоса е најдобрата другарка на Сабаленка, нивниот меч траеше час и 24 минути, а Белорусинката се пласираше во осминафиналето на турнирот каде сега ќе се соочи со Украинката Калинина.

По победата на Сабаленка сите зборуваат за нејзината прегратка со Бадоса по мечот, а самиот тој гест го коментираа дека кажува се за ситуацијата во која се наоѓа. Инаку, и двете тенисери на овој меч носеа црна опрема.

Невидена трагедија ја снајде Сабаленка по пристигнувањето на турнирот во Мајами, откако 42-годишниот Колцов, кој дојде на Флорида да ја бодри, се самоуби скокајќи од терасата на хотелот во кој престојуваше.

После се, Сабаленка се огласи и рече дека раскинала со Колцов пред тој да се самоубие, а очигледно после се собрала сила да настапи на овој престижен турнир во Мајами.

„Смртта на Константин е незамислива трагедија и, и покрај тоа што повеќе не бевме заедно, срцето ми е скршено. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овие тешки моменти“, рече Сабаленка.

Инаку, интересен е и податокот дека мечот на Сабаленка против Бадоса четири пати беше одложуван поради неповолните временски услови, но конечно се играше околу полноќ од петок кон сабота.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Поранешната сопруга на Константин Колцов тврди: Станува збор за несреќен случај

Мистеријата за смртта на Колцов: Постои сомнеж дека се самоубил

Ненадејно почина момчето на Арина Сабаленка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка со победа ја започна одбраната на титулата во Мелбурн