Убиениот лекар бил матичен од Железара – се прегледува видеонадзорот за да се најде убиецот

Од:

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место.

Обвинителството побарало да се обезбедат и снимки од видеонадзор од околните објекти, со оглед на фактот дека убиството се случило на паркингот каде во непосредна близина се наоѓаат две здравствени институции, поликлиниката Железара и Ремедика. Убиениот имал приватна ординација сместена во објектот на поликлиниката Железара и работел како матичен лекар.

Од МВР информираа дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

„ На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР

Би можело да ве интересира

Семејна трагедија во Бабушница: Убиени се татко и син во пукотница, тешко повредена е мајка и другиот син

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

„Ало, ја убив мојата Винка со секира, дојдете“ – детали за злосторството кај Добој

А1он

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Убиство на велешанецот Ѓело Ѓошев – го намамија во автомобил, па му пукаа во глава

А1он

Еден убиен и еден тешко ранет во ресторан во Виена – напаѓачите се во бегство

А1он