Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Од:

Десетина помалку пријави и исто толку повеќе обвиненија се поднесени за кривичното дело „Злоупотреба на лични податоци“, покажува статистиката на Јавното обвинителство.

Ако во 2022 година биле поднесени речиси 90 пријави и од нив биле поднесени триесетина обвиненија, минатата година биле поднесени околу осумдесет пријави, а од нив, поднесени се речиси четириесет обвиненија.

Тоа значи дека ако лани биле сработени половина од примените пријави, во 2022 година биле сработени само една третина од пријавите.

Кривичните пријави се по разни основи, меѓу кои и за лице од Турција, кое во 2022 година основало фирма во Кичево, а искористило седиште на адреса на која сопственикот на станот немал дадено согласност, ниту пак знаел дека адресата на која се наоѓа неговиот стан е употребена како седиште за правно лице, па се до пријавата која Димитар Апасиев ја поднесе во 2022 година против тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

За ова кривично дело, предвидена е парична казна или пак казна затвор од една година, а доколку делото го стори службено лице во вршење на службата, предвидена е затворска казна од три месеци до три години. Ако делото од овој член го стори правно лице, предвидена е само парична казна.

Би можело да ве интересира

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски