(ВИДЕО) Во САД: Торнадо уништи се пред себе, има и жртви

Од:

Американските власти денеска распоредија служби за итни случаи и спасување во руралните делови на Индијана и Охајо, откако едно или повеќе торнада минаа низ областа. Три лица загинаа, десетици се повредени, а голем број куќи се срамнети со земја.

„Имаме три жртви во градот Логан, Охајо. Најмалку едно торнадо помина низ таа област вчера околу 19:45 часот“, изјави шерифот Рандал Додс.

Во исто време, торнадо го зафати Винчестер, Индијана, јавува CBS News.

„Има многу повредени, но не ја знам бројката. Не знам каде се. Не знам колку се сериозни повредите“, изјави Даглас Картер, началник на полицијата на државата Индијана.

Во Кентаки, најмалку 50 објекти, вклучително и домови, беа оштетени за време на невремето.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, објави дека има повредени и ги предупреди жителите на продолжување на невремето.

„Добиваме извештаи за значителна штета, особено во градот Милтон“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици торнада ги разорија јужните делови на САД, најмалку петмина мртви

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени