Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

Од:

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.

Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство.

Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница достави предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка спрема сите осомничени.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари