Во Зимбабве уапсен лидер на секта, тврдел дека е пророк и злоставувал 250 деца

Од:

Полицијата во Зимбабве уапси маж кој тврди дека е пророк на апостолската секта за криминални активности кои вклучуваат злоупотреба на деца. Уапсени се и седуммина негови помагачи.

Во комплексот на апостолската секта над 250 деца работеле како евтина работна сила, а полицијата во дворот пронашла 16 гробови, пишува Гардијан. Полицијата соопшти дека Исмаел Чокуронгерва (56), кој себеси се нарекува пророк Исмаел, водел секта од повеќе од 1.000 членови на фарма на околу 34 километри северозападно од главниот град Хараре.

Децата живееле таму со други членови на култот.

Децата, кои сега се спасени, биле искористени за вршење на различни физички активности во корист на раководството на сектата, соопшти полицијата. Од 251 дете, 246 деца немале извод од матична книга на родени.

Полицијата утврдила дека сите деца на училишна возраст не посетуваат формално образование и биле експлоатирани како евтина работна сила. „Децата работеа физичка работа како дел од учењето на животни вештини“, соопшти полицијата.

Меѓу гробовите откриени во дворот на комплексот се и гробовите на седум бебиња чии погреби не биле регистрирани. Претресот на комплексот беше извршен во вторникот. Од полицијата велат дека ќе соопштат повеќе детали по истрагата.

Апостолските групи, кои ги мешаат традиционалните верувања со пентекосталната доктрина, се популарни во Зимбабве. Зимбабве е длабоко религиозна јужноафриканска земја. Има малку детални истражувања за апостолските цркви во Зимбабве, но студиите на УНИЦЕФ проценуваат дека тоа е најголемата религиозна деноминација со околу 2,5 милиони следбеници во земја со 15 милиони жители.

Некои групи се придржуваат до доктрината која бара од следбениците да избегнуваат формално образование за своите деца, да одбиваат лекови и медицинска нега и наместо тоа да бараат исцелување преку нивната вера во молитва, света вода и помазани камења.

Некои од овие групи во изминатите години, по притисокот на владата и невладините организации, почнаа да им дозволуваат на своите членови да одат во болници и да ги запишуваат своите деца на училиште.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нилски коњ проголта човек: Го плукна два пати, но реши да го докрајчи

Ана Ололовска

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он

ОН ги осудија принудните бракови на малолетници во Зимбабве

Оставка на потпретседателот на Зимбабве, имал врски со мажени жени

Жарко Настоски

Зимбабве: Акутната неисхранетост кај децата е во пораст

Ана Ололовска

Од Зимбабве годишно се краде злато вредно 1,5 милијарди долари

Жарко Настоски