(ВИДЕО) Јакимовски: Син ми и снаа ми добиле извод од книга на умрените наместо венчаница

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски се пожали дека неговиот син и снаа наместо извод од матичната книга на венчани лица, добиле извод од книга на умрените и денот на нивната венчавка е впишан како денот на нивната смрт.

Тој со име и презиме ја посочи службеничката и ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за инсталирањето на неодговорни кадри во институциите.

„Денот кога била правена нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, секоја година на што ќе ги потсетува годишнината од нивната свадба и вом каков шок сега се наоѓаат? Оваа прес конференција што сега ја држам е уште една потврда зошто младите ја напуштаат Македонија. Не од економски причини, туку од лошо водење на институциите во државата. Јас сум длабоко убеден дека овој перспективен и талентиран кадар со име Дијана Антонијевиќ е вработена или од штабот на СДСМ или од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Целата наша администрација е наполнета со нивните кадри и во зависност од тоа дали се власт или опозиција нив државата не им чини а всушност не чини заради нивните кадри. Тоа е причина повеќе зошто останувам да се кандидирам за претседател на Македонија. Малку останавме политичари од Титово време што знаат како функционирала државата, се друго резултат на 20 кампања и лепење плакати. “ изјави Јакимовски.

Синот и снаата побарале меѓународен образец, но им бил издаден обичен образец.

„ Во еден орган една госпоѓа се фали дека треба да биде правник, после шест месеци им носи диплома за економист. Не била сигурна што диплома ќе добие. Оној што треба да остане во администрација треба да остане, а оној што не знае да работи треба да замине. Само оние со едномесечно лепење на плакати кои добиле вакво работно место може да прават вакви пропусти. Да сме држава, за ваква душевна болка на млади луѓе државата ќе исплати оштета, ама не сме“, истакна актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“