Укинат притворот за возачот на Палчо

Од:

На барање на обвинител, укинат е притворот на Стефан Димовски, осомничен за помагање при бегството на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо.

„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичниот суд.

Од обвинителството пак, појаснуваат дека се работи за менување на притворската мерка со мерки за претпазливост поради тоа што законот за ова кривично дело не предвидува продолжување на притворот повеќе од три месеци.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, посочуваат од обвинителството.

Димовски пак, кажа дека не знаел дека му помага на Палчо да избега, односно дека мислел дека го носи првоосомничениот во болница.

Би можело да ве интересира

Филмско бегство во Германија: Србин побегна од затвор преку покрив

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

А1он

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он