Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Од:

Секој трет договор за јавна набавка е склучен во постапка во која учествувала само една фирма и со вакво отсуство на конкуренција, склучени се договори во вкупна вредност од 283 милиони евра,покажа Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки кој го изработува Центарот за граѓански комуникации.

Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:

– Се намалува просечниот број на понуди во јавните набавки, кој во мониторираниот период падна на 2,8, наспроти 3, колку што изнесуваше во 2022 година. Отсуството на конкуренција е особено загрижувачко во здравството.

– Одлуките што се донесуваат при спроведувањето на јавните набавки не се соодветно и прецизно образложени што фрла сомнеж врз објективноста и законитоста на постапувањата. Ова главно се однесува на одлуките за отфрлање на доставените понуди и за поништување на тендерите.

– Во значаен дел од постапките не се утврдуваат количините на она што се набавува, со што, се оневозможува фирмите да понудат пониски цени за поголеми количини на набавка. Ова овозможува манипулација и злоупотреби во фазата на реализацијата на договорите.

– Во нетранспарентната постапка со преговарање без претходно објавување оглас, во првото полугодие од 2023 година склучени се договори во вкупна вредност од околу 11 милиони евра. Дури 91 % од овие договори се склучени во преговори со само една фирма. Најголема вредност на овој вид договори има АД Електрани.

Центарот за граѓански комуникации го објави и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници.

Истражувањето на цените на тендерите за третман на кучиња покажува многу ниска конкуренција од само 1,5 понуда по тендер. За некои услуги, како што е „еднодневен престој на куче во прифатилиште“ највисоката цена е 244 % повисока од просечната, а за друга услуга „заловување, транспорт до амбуланта и враќање“, највисоката цена е за 12,5 пати повисока од најниската цена.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња

Предраг Петровиќ

Две момчиња од Тетово организирале борба на кучиња – заработија пријави од полицијата

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

A1on