Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Од:

Претседателот Стево Пендаровски е актуелен претседател на државата и за него важат посебни прописи за заштита на личноста односно постојано физичко обезбедување вклучително и користење на посебни службени возила со кои се обезбедува физичка заштита, велат од Кабинетот на претседателот откако медиумите објавија дека актуелниот претседател и кандидат на СДСМ со службено возило и со доделеното обезбедување го посетил штабот на СДСМ во Штип.

-Посебните правила се уредени во Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, донесена од Владата, согласно со Законот за полиција, уште во 2014 година, наведуваат од претседателскиот Кабинет.

Оттаму додаваат дека овие правила важат за целото време на извршување на функцијата и нагласуваат дека согласно со член 8-б, став 1 од Изборниот законик, овие правила за Претседателот важат и за време на изборната кампања.

-Потсетуваме дека Претседателот на државата не е член на ниту една партија и е подготвен да има средба со секоја политичка партија доколку има такво барање или покана, како што практикува од стапувањето на должноста во 2019 година, додаваат од Кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

Орце Костов

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он