Тошковски ќе бара решение како да гласаат над 100.000 граѓани кои немаат лична карта, а имаат пасош без „северна“

Од:

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната владина седница ќе побара решение за граѓаните кои имаат право на глас, но немаат документи, да може да го остварат своето право на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Се работи за решение за над 100.00 граѓани над 18 години кои се резиденти во земјава, немаат лични карти но имаат пасоши со важечки рок на трање, но со старото име на државата.

Според Тошковски, решение би можело да биде на овие граѓани да им се дозволи да гласаат со пасошите со старото име.

Сличен предлог дојде и од Државната изборна комисија и тој е веќе доставен до Собранието. Според претседателот на ДИК, во моментов може да се гласа само само валидни документи, а меѓу нив не спаѓаат пасошите со старото уставно име.

Народниот правобранител, Насер Зибери, пак, апелираше до институциите да ги пронајдат кои се оние 100.000 лица кои ќе се соочат со овој проблем на денот на гласањето и да им дадат приоритет при земањето на нови документи до пред изборите.

Би можело да ве интересира

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски