Дополнителниот заменик министер е против малите производители на храна и малите винарии – реакција на Министерството за земјоделство

Од:

Во интерес на точно информирање на јавноста Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како неточни и крајно погрешни ги оценува денешните тврдења на дополнителниот заменик министер Трипуновски, дека надвор од закон се исплатени средства за финансиска поддршка на малите производители на храна и пијалоци велат од МЗШВ во рњакцијата на прес конференцијата на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски.

– Вистината е дека овие програми се реализираат преку законот за извршување на буџетот, нешто што и во самата програма јасно е наведено. Вистина е дека малите производители на храна и малите винарии се успешна приказна, по која како држава сме препознатлви во регионот. Останува прашањето кое треба да го одговори дополнителниот заменик министер дали е против поддршката кон малите производители на храна и пијалоци?

Преку овие неточни обвинувања дополнителниот заменик министер јасно праќа порака дека е против малите производители на храна, малите винарии, против жените земјоделки и младите земјоделци, кои се диреткни корисници на овие програми.

Дополнителнот заменик министер е против успешната мала винарија Друм од Виница, во чија посета лично беше и самиот. Против Силвана, жена земјоделка од Берово, мал производител на храна која има набавено опрема за преработка на сливи, која самата ги произведува.

Токму ова министерство заедно со Националната федерација на фармери, заедно со Македонските семејни винарии и со АХВ, во 2019 година подготви и донесе два правилници за продажба од куќен праг, преку кои им овозможивме на земјоделците од своето производство да подготват финален производ и истиот да можат слободно да го продаваат од својот дом, или фарма. Истата година преку измени во законот за вино се ослеснува постапката за регистрација и отвора можноста за регистрирање на мали семејни винарии.

Со овие нови програми министерството доделува грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство на малите производители на храна и малите винарии. Програми што се широко поддржани од земјоделците.

Преку нив само во овие години како министерство сме поддржале повеќе од 270 мали производители, од кои 66 корисници се жени земјоделки.

Денес бележиме бројка од вкупно 173 регистрирани мали семејни винарии, односно од 2020 до 2022 регистрирани 83 мали семејни винарии, а само во 2023 година имаме регистрирани нови 95 мали винарии. Денес вкупниот број на регистрирани винарски визби, денес во државата изнесува 255 винарски визби, што претставува бројка за почит, а дополнителниот заменик министер е против нив.

Денес имаме вкупно 2.508 регистиран оператор со храна од животинско и неживотнско потекло, во Агенцијата за храна и ветеринасрство. Или само во една година бележиме нови 1.540 регистрирани опрератори со храна од животинско потекло и 420 нови регистрирани опрератори од неживотинско потекло, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски

Трипуновски: Пумпната станица „Таор“ во катастрофална состојба, приоритет е модернизација на земјоделството и водостопанството