Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

Од:

Висок претставник на Хамас за Франс Прес изјави дека примерје е можно во следните 24-48 часа, доколку Израел прифати специфични услови на палестинската организација.

„Ако Израел ги прифати условите кои вклучуваат и враќање на расселените Палестинци на северниот дел од Газа и зголемување на хуманитарната помош, тоа може да биде пат до примерје во следните 24-48 часа“, изјавил функционерот чие име не е откриено.

Во Каиро денеска би требало да се преговара за примерје. Се очекува во Египет да пристигнат делегации од Израел и Хамас, за да се најде прифатлив компромис за двете страни за прекин на огнот во Газа.

Се верува дека во Газа се држат најмалку 130 заложници од 250 киднапирани во нападите на Хамас. Околу 100 од нив беа ослободени во текот на седумдневното примерје во ноември.

Би можело да ве интересира

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски