ВМРО-ДПМНЕ: Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател кој ќе ги промовира македонските национални интереси

Од:

Претседателот на државата има должност и обврска да служи на граѓаните на државата, да ги штити нивните интереси и да има лидерство кое ќе значи непотклекнување на туѓи лични агенди, таков претседател ќе биде професорката Гордана Силјаноска Давкова, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија заслужува претседател на народот, а не протеже на клики и елити кои за сметка на колективниот интерес, водат лични агенди.

Македонија има потреба од Претседател кој ќе знае дека му припаѓа на народот и одговара единствено пред него, го штити Уставот.

Претседателот треба да промовира законитост и бескрупулозна борба против криминалот и девијациите во општеството.

Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која ќе гради мостови и сојузи, дипломатијата ќе ја гради на стратегија и ќе се грижи за промоција на македонските национални интереси, нагласуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија има потреба од лидерство, од визија, од стабилност, од решителност. Македонија има потреба од промени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Сиљановска Давкова: Дојде време економското партнерство со Индија да го достигне квалитетот на политичките односи

Претседателката Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму