Судијата во случајот „Трамп“ добил писмо во кое имало непозната прашкаста материја

Од:

Њујоршкиот судија Артур Енгорон, кој го водеше случајот за граѓанска измама против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, денеска доби плик со бел прав од непознато потекло.

Трамп претходно беше прогласен за виновен за надувување на вредноста на својот имот за да добие заеми со поповолни услови. Судијата Енгорон му нареди на поранешниот американски лидер да плати 454 милиони долари во поврзан случај. Енгорон доби повеќе закани пред, за време и по судењето на Трамп за граѓанска измама, вклучително и закана за бомба во неговиот дом во Лонг Ајленд на денот на завршните расправи.

Полицијата соопшти дека истражува лажна дојава за сериозен инцидент, пренесува ABC News.

„Њујорк пост“, повикувајќи се на полициски извори, пишува дека пликот бил адресиран до судијата Енгорон, а го отворил судски службеник во Њујорк.

Службите за итна помош пристигнале на местото на настанот. Како што се наведува, прашкастата материја се уште не е идентификувана.

Би можело да ве интересира

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

Трамп: Многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите

Трамп: Ники Хејли би можела да биде во мојот тим

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена