Ахмети: Изборот на претседател во Собрание е за поголема консензуалност и помалку трошење буџетски средства

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети одржа и прес-конференција за дополнителни прашања од медиумите по утринското видео обраќање од седиштето на партијата. Во видео обраќањето Ахмети објави дека Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат, го промовираше слоганот „НЕ за Русија, ДА за Европа“ како и дека после изборите ДУИ ќе се заложи за уставни измени согласно кои претседател и потпретседател да се бираат со 2/3 мнозинство од гласовите на пратениците во Собранието.

Тој образложи дека идејата за претседател не е нова, туку датира во нивните програми од 2016 и 2020 година.

– Со овој чекор ќе штедиме средства од буџетот, за еден изборен циклус трошиме повеќемилионски суми. Ефектот ќе биде поголем со позитивна порака која ќе влијае во зближување на етничките заедници. ДУИ и јас на чело на ДУИ, за речиси 25 години сме извојувале само победи на централно и локално ниво, сум верувал тогаш и денес верувам дека претседателот на државата, ако не денес, утре ќе биде и Албанец во Република Северна Македонија. Формулата веќе сме ја објавиле 2/3 мнозинство со Бадинтер доколку се согласат мнозинство на пратеници. Тој претседател ќе продуцира стабилност и зближување на граѓаните, рече Ахмети.

На новинарското прашање дали имало координација со другите партии од албанскиот блок кои имаат кандидат за претседател рече дека во програмите од 2020 и 2016 детално образложува како треба да биде избран претседателот и нема дополнително што да кажува.

На прашањето зошто не одговори на барањето на Таравари да му биде противкандидат за претседател, Ахмети рече дека му се заблагодарува за понудата но дека игра во Супер лига, додека Таравари игра локално. Новинарите прашаа доколку Таравари се пласира во втор круг, дали значи тоа дека ќе го бојкотираат, Ахмети рече дека бојкот не е средство во демократија и не се дискутира за тоа.

Според Ахмети на идејата за избор на претседател досега не се реализирала затоа што имало анализи.

– Сме во комуникација постојано со нашите пријатели и со сите други кои придонесуваат, за нивните мислења, предлози, анализи, за да се раздвои овој процес. Затоа чекори кога се прават, се прават еден по еден чекор. Одиме кон реализирање на нашата цел, рече Ахмети.

За нивниот кандидат за претседател Бујар Османи, Ахмети смета дека ќе биде чест за Република Северна Македонија да биде избран.

– Ќе биде чест за граѓаните да поддржат еден профил кој е европеец, најдостоинствен претставник на ОБСЕ, на најдобар начин се справил со сите прашања и Русија и така очекувам да го поддржат граѓаните бидејќи е една кредибилна личност, професионалец, достоинствен да ја претстави државата, посочи Ахмети.

За досегашниот претседател Пендаровски рече дека сме соработувале и комуницирале, за што му се заблагодарува за изминатиот мандат и му посакува здравје и успех во иднина.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски